Login

Lost your password?
Don't have an account? Sign Up

КОИ СМЕ НИЕ

„ТМ“ ДОО Штип е основана во 2003 година, со седиште на ул. „Струмички пат, 9-ти км“ б.б. во Штип, Република Македонија. Основната дејност на претпријатието е проектирање, надзор и монтажа на електроенергетска опрема и објекти од низок и среден напон. Претпријатието има хала за монтажа на производи, работилница за одржување и магацински простор, со вкупни 700m². „ТМ“ ДОО Штип има 44 вработени од кои 11 со високо образование. Во изминатите години ТМ се специјализира за изработка на идејни решенија, проекти, изведба и монтажа на: - Електрични инсталации на стамбени, деловни, индустриски објекти, трафостаници 10-35 kV, далекуводи, НН мрежи и разводни постројки - Испитување на исправност на електрични инсталации, громобрански инсталации, осветленост на работни површини и заштитно заземјување, диалектрична пробојност на трансформаторско масло - Лоцирање на траси и дефекти на НН и ВН кабли и нивно санирање - Напонско испитување на кабли - Одржување и изведба на улично осветлување - Филтрирање на трансформаторско масло ТМ е флексибилно претпријатие кое ги следи барањата на клиентите применувајки ги најновите технолошки достигнувања, технича регулатива и стандарди. Располага со Лиценца А за изведување на градби од прва категорија, Лиценца Ц за иведба на градби од трета категорија, Лиценца А за надзор на изградба на градби од прва категорија. 

Производите на ТМ се контролираат од Одделение Контрола. Одделението Контрола е организациона единица во рамките на ТМ. Опремени со соодветен простор, опрема и кадар за вршење на работите на тестирање и контрола во согласност со прописите, национални и меѓународни стандарди, барањата на ISO/IEC 17020 и потребите на претпријатието. Во 2012 година ТМ доби сертификат од TUV-Австрија за воведениет систем за управување со квалитетот според стандардот EN ISO 9001:2008 Во 2012 година ТМ доби сертификат од TUV-Австрија за воведениет систем за управување со квалитетот според стандардот EN ISO 14001:2004

Нашите Експертизи

Ова е листа базирана на досегаш ите наши искуства и завршени проекти.

Првична експертиза
Далеководи
Трафостаници
Каблирања
Производство на опрема

Барате компанија која ќе се погрижи за Вас?

Ние сме тука да Ви помогнеме со сите предизвици во било кој момент.