Login

Lost your password?
Don't have an account? Sign Up

Термовизијата е постапка која со своите можности дава широк спектар на примена во индустријата и воопшто во стопанството. Основен принцип на работа се базира врз Стефан-Боцмановиот закон за зрачење на апсолутно црно тело. Секое тело, зависно од својата температура, зрачи инфрацрвени зраци со интензитет пропорционален на неговата температура. Со мерење на ова зрачење се добива прецизна претстава за температура на тоа тело.

Термовизијата дава можност да се испитуваат електричните постројки во погонски услови. Со тоа е овозможено откривање на топлите (прегреани) места на електричната инсталација и споевите, предиктивно да се укаже на местата каде постои неисправност во работата, а кои во екстремен случај ќе се откажат и ќе доведат до прекин во работата.